Утре Евровизиска забава во Скопје

НАСТАНИ И ЖУРКИ

Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар, во сабота ( 11.05), во Скопје ќе се одржи Евровизиска забава, овојпат во чест на Тамара Тодевска.

На забавата, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници. Преку видео, до евровизиските фанови ќе се обрати и Тамара од Тел Авив. Локацијата е Нано Бар ( Дебар Маало), со почеток од 21:30. За музичкиот избор е задолжена Дј Тина.