Твитер во акција – Избриша околу 5000 сомнителни налози!

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека избришала речиси 5000 сомнителни налози.

Станува збор за налози за кои постои сомнеж дека се поврзани со властите во Иран и кои служеле за промовирање на иранските државни интереси.

Твитер информира дека овие налози ќе бидат префрлени во јавната база на податоци што социјалната мрежа ја покрена лани за борба против дезинформациите.

Во базата покрај најновите, се наоѓаат и претходно избришани налози поврзани со Русија, Венецуела и шпанската област Каталонија.

 

 

 

 

 

 

 

извор:mia.mk

You must be logged in to post a comment Login