Среќен роденден Федерер – Швајцарецот денеска полни 38 години!

СПОРТ

Швајцарски тенисер Роџер Федерер денеска го прославува 38 роденден.

Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, а во текот на неговата кариера освои 20 Грен слем титули и вкупно 310 недели беше на прво место на светската ранг листа.

Континуирано влегуваше во топ 10-те рангирањата од октомври 2002 до ноември 2016 година.

Вкупно, Федерер има освоено 110 АТП турнири (од кои 102 во сингл). Го освои Дејвис купот во 2014 година како дел од националниот тим на Швајцарија.

Се уште е активен тенисер на АТП турот, а моментално се наоѓа на третата позиција на АТП листата.