Space Motion за старт на Intermezzo Music Rituals

МАГАЗИН

По успешното летно издание на Intermezzo Music Rituals, од овој петок следува нова тура на незаборавни забави и гостувања на врвни диџеј имиња во Intermezzo Music Bar. Стартот на зимското издание на Intermezzo Music Ritual ќе го означи Space Motion, српски диџеј и продуцент кој е активен на музичката сцена во последниве 16 години и кој секојдневно ги поместува границите за музичарите кои доаѓаат од Балканот.

Неговата музика е мешавина од посебна и уникатна енергија која ја прикажува во жанрови како дип хаус, прогресив и тех. Space Motion настапува ширум Европа, Јужна Америка и Азија. Ибица, Киев, Будимпешта, Белград, Дубаи, Хургада, Лима … клубови во Нанинг, Хонг Конг, Гуанжу, Шенжен… Листата на локации е импресивна, а истото важи и за фестивалите, па „Pepsi Sziget“, Air Nation и EXIT се само некои на кои има настапувано. Како што вели, повеќе од привилегија е да се даде личен печат на популарните композиции од 70-те и 80-те години од 20 век, филтрирани преку електронски звук што ја претставува неговата визија за иднината.

Неговите теми се вртат на различни подиуми ширум светот, а листата на ѕвезди кои ја пуштаат неговата музика е предводена од Solomun, Tale of Us, Black Coffee, Adam Bayer, Magdalena, Fisher… Токму утревечер, во склоп на зимското издание на Intermezzo Music Rituals, и Скопје ќе има можност да биде дел од светската сцена и да ужива во неговата музика. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од Intermezzo Music Rituals.