СП 2019: Очекуван пораз на Македонија од Шпанија, утре со Исланд за влез во втората рунда

СПОРТ

Македонија го доживеа вториот пораз на Светското првенство 2019, откако беше поразена од Шпанија во 4. коло со 32-21.

Македонија беше рамо до рамо со европскиот шампион по првите 30 минути, во кое заминавме со негатива од само гол, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот.

Шпанија за три минути на почетокот од второто полувреме направи серија од 5-0, поведе со 6+ и победникот беше решен. Селекторот Раул Гоналзес потоа ги извади најдобрите ракометари и шанса им даде на оние помладите.

Најефикасен кај Македонија беше Пешевски со 6 голови, Кире Лазаров постигна 5, а Никола Митревски имаше 15 одбрани. Де Варгас на другата страна имаше 16 одбрани, a Гомез беше најефикасен кај победниците со 6 гола.

Македонските ракометари утре во 18 часот го играат решавачкиот натпревар за пласман во втората рунда против Исланд.