Совет од нутриционистите: Во овие два часа немојте да пиете кафе!

КАФЕ

Кафето како еден од најпопуларните пијалоци ширум светот, вообичаено по навика се пие во утрински часови.

Ова посебно се однесува на вработените луѓе кои го користат кофеинот за брзо будење и расонување.

Но, експертите истакнуваат дека консумирањето кафе во текот на утрото може повеќе да наштети, отколку од него да се има корист.

Имено, имајќи предвид дека кофеинот го зголемува вниманието и будноста, тој истовремено ја зголемува количината на хормонот на стресот кортизол во телото.

Сепак, проблемот е во тоа што нивото на кортизолот се зголемува кога ќе се разбудиме, па ако пиете кафе, дополнително се зголемува лачењето на овој хормон.

Ако пиете кафе два часа по будењето, можете да го поттикнете телото да стане имуно на кофеинот.

Поради тоа, кафето треба да се пие помеѓу 9.30 и 11.30, бидејќи во овој период, главно, нивото на кортизол е нешто пониско.

За вечерните часови, препорака на здравствените работници е да не се пие по 17.30, за да избегнете несоница.