Со бајатиот леб направете ремек дело и одличен ручек – Мусака од леб!

РЕЦЕПТИ

Сите добро ја знаеме добро познатата македонска мусака…. Но дали сте пробале да направите Мусака со леб?

Ви го нудиме рецептот кој сигурно ќе го споделувате со најблиските, бидејќи станува збор за економично јадење, а сепак многу вкусно.

Потребни состојки:

250 гр мелено месо,
1 глава кромид;
2 лук во грав;
1 морков;
1 супена лажица масло;
200 гр кисела павлака,
2 јајца,
стар леб,
300 мл млеко;
сол и црвен пипер;
50 гр кашкавал

Начин на подготовка:

Во тава се пржи прво лукот и кромидот, па во нив додајте го изренданиот морков. Кога кромидот ќе ја смени бојата додајте го месото и зачините и мешајте додека не биде готово.

Во огноотпорен сад наредете ги парчиња од стариот леб, а потоа додадете ја смесата, и уште еден слој леб. Во посебна чинија изматете ги јајцата, павлаката, млекото и ставете малку сол.

Ставете го сето ова врз мусаката и вратете го садот во рерната. Печете уште околу половина час на 200 степени.

На крај изрендајте го кашкавалот и ставете го одозгора да се стопи од топлината.

Добар апетит!