in

Скопје -домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг

Градот Скопје, во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ ,,Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По успешното одржување на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни, со рекорден број учесници, (12 држави), Скопје и Пинг-понгарската федерација на Северна Македонија се подготвуваат за организација на првиот турнир под покровителство на ИTТФ, Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој тунрир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и врвни телефонски апарати) обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг-понг федерација во време на турнирот, Претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци, треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пинг-понгот во нашата држава.