Силен земјотрес од 5,3 степени го погоди Загреб

СВЕТ

Утрово во 06:23 минути силен земјотрес го погоди Загреб и околината.

Утрово во 6,23 часот, земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од 5 степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 6 километри од главниот град со јачина од 5,3 степени според Рихтер и на длабочина од десет километри.

Вторичниот земјотрес се случил околу 7,20 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала.

Во некои делови на Загреб нема вода и кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Погледнете го видеото кое беше објавено на index.hr:

Jak potres zatresao Zagreb.

Gepostet von Index.hr am Samstag, 21. März 2020

Превземено од: funhub.mk