Што треба задолжително да имате на посната бадникова трпеза?

КУЛТУРА

Утре е Бадник, а во вторник Божиќ.

Уште рано сабајле ќе почнат да пеат коледарите на вашите врати, и ќе донесат радост и смеа, а навечер сите треба да седнеме на посната трпеза и да бидеме со семејството.

Сепак оваа вечера треба да биде посна, па така задолжително треба да ги имате овие работи и намирници.

Како прво и основно и главно треба да имате погача со паричка, потоа посно гравче, посна сарма, суви пиперки, салата од компир или кисела зелка, печена тиква, баклава, посни колачиња и суво овошје.

На бадниковата вечера мора да имате и запалено свеќа која треба да гори се додека не си легнете, а многу важен детал е и бадниковото гранче кое симболизира среќа и долговеќност во домот.

Гранчето треба да биде од даб кој симболизира здравје и издржливост, а народните преданија велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите луѓе што живеат во тој дом.

Според преданијата, праведниот Јосиф токму со ова дрво запалил оган за да ги стопли Исус и неговата мајка Марија.

За Бадник секогаш важи правилото – Кај и да си за Бадник дома да си…