in

Што е разликата помеѓу спортските и енергетските пијалоци?

Потрошувачката на спортски и енергетски пијалоци значително се зголеми во последните две децении.

На зголемувањето влијаат различни фактори, пред се подобро разбирањето во односот помеѓу состојките на пијалокот и физиолошки процеси.

Луѓето се повеќе се свесни дека нутритивните фактори можат да влијаат на физичките и менталните перформанси на лицата кои се занимаваат со некоја интензивна активност.

Пијалоците збогатени со јаглени хидрати и електролити внимателно се дизајнирани со цел на надомест на течности и зголемување на нивото на енергија од јаглените хидрати.

Терминот “спортски пијалаци” и “енергетски пијалаци” често се поистоветуваат, но всушност тие се две сосема различни категории на пијалоци.

Енергетските пијалоци содржат високо ниво на кофеин, таурин и глукоронолактон и се наменети за ментална стимулација на потрошувачот.

Спортските пијалаци немаат кофеин иако некои од нив содржат релативно ниско ниво на кофеин, стимулирачки ефект, а дизајнирани се со цел да ги надокнадат изгубените течности и обезбедуваат потребната енергија во форма на јаглени хидрати.

Резултатите од на студијата се објавена во списанието “Innovative Food Science” и “Emerging Technologies”, во кои се дава споредба помеѓу 38 спортски и 37 енергетски пијалаци.

Со ова уште еднаш се потврдува разликата меѓу двете категории на пијалоци.

Освен одредената калориска вредност и количеството на јаглехидрати, шеќер, натриум, калиум, магнезиум, витамин Ц, А, Е, Б6 и Б12, ниацин, пантотенска киселина, тиамин во вкупно 75 пијалоци, беше утврдено дека постојат значајни разлики во количеството на важни компоненти кај овие пијалоци.