Роберт Вукелиќ во сред Србија го натера српскиот свештеник и хор да ја запејат „Јано мори“ и „Море сокол пие“

ВИДЕА

Во Српскиот манастир Св Роман ечеше Јано Мори и Море Сокол пие. Присутните гости како и српскиот свештеник ги пееја песните на глас.

Македонскиот пејач Роберт Вукелиќ од неодамна започна да ја води организацијата за патувања преку Македонската Црква и Бигорскиот манастир, тој на својот профил и групата на Фејсбук каде што ги организира патувањата низ балканот (https://www.facebook.com/groups/167338810744216/) напиша:

„Денеска нашата група беше пречекана од нашите браќа Срби со преубава Македонска старогратска песна во манастирот Св. Роман во Србија а уште поубаво беше кога и гостите од Русија заедно со српскиот хор и свештеник ни ја пееја „Море сокол пие“. Тие што беа и тоа што го почувствувааа беше нешто посебно дека како православен народ бевме едно, без никаква поделба ниту политика! Се чувствуваше само Љубов“.

Во продолжение од текстот Вукелиќ имаше напишано:

„Радост е што младите живеат во љубов, и не се задоени како што се некои од постарите со лошото млеко на комунизмот. Да знаете ова ќе не направи силни, вака ќе покажеме на светот што значи да се биде Православен бидејки верата наша е љубов како што е Љубов и нашиот Господ Исус Христос. За таа чест што ја направија кон нас и ние им возвративме со уште една убава Македонска песна: ЈАНО МОРИ“.