Познат актер става крај на бракот по 21 година – Причините банални! (фото)

МАГАЗИН

Познатиот холивудски актер Роберт де Ниро одлучил да се разведе со сопругата Грејс по 21-години брак.

Двајцата живееле разделени веќе некое време. Информациите ги соопштија повеќе американски медиуми, а портпаролот на актерот не сакаше да ги коментира случувањата.

Де Ниро и Грејс се знаат од 1987 година, а 10 години подоцна се венчаа во 1997 година и имаат 2 деца – Елиот и Хелен.

Ова е втор брак на актерот, кој има и вонбрачни деца од врската со моделот Туки Смит – Џулијан, Хенри и Арон Кендрик.

“Понекогаш работите не одат како што луѓето се надеваат”, коментираат извори блиски до семејството на Де Ниро кој е добитник на две награди “Оскар” и е меѓу најпочитуваните актери во Холивуд.

Причините за разводот се прилично и банални, бидејќи според американските медиуми тие се политички противници, Грејс го поддржува Трамп, а Де Ниро постојано го критикува.