Поради ова добро размислете дали оваа година ќе одите на одмор во Грција (фото)

ПАТУВАЊЕ

Оваа година ќе биде поразлична од сите претходни години кога станува збор за летување во Грција.

Зошто е тоа така, па затоа што ќе ви требаат далеку повеќе пари од претходните години за годишниот одмор.

Се разбира, зборуваме за летување кај нашиот јужен сосед, бидејќи оваа земја воведе дополнителни такси.

Воведени се нови туристички такси за сместување во хотели и станови. Тука спаѓаат и зголемените патарини, па се на се ќе мора да платите меѓу 5 и 10% повеќе.

Така Грција оваа година за туристите е поскапа за околу 10% во споредба со минатата година.

Овие такси се движат од 1,5 до 4 евра по соба. Повеќето хотели во Грција веќе ги вклучија таксите во цената, па со плаќање аранжман во туристичка агенција главно луѓето веќе ги платиле.

Важно е да се знае дека еден дел од хотелите ги наплатуваат туристичките такси по престојот на туристите, што е вообичаена практика во Европа и со години се применува во градови во Италија и Шпанија.

За апартманите, таксата изнесува 0,5 евра на ден, што е 5 евра за цел апартман за престој од 10 дена. Кај хотелите, во хотел со 5 ѕвезди таксата е 4 евра дневно, што за 10 дена е 40 евра.

Уште нешто, лага е наводното воведување еколошка такса на Халкидики….

Leave a Reply