Поларни температури во Македонија, каде беше најстудено утрово

МАКЕДОНИЈА

Поларни температури доста под нулата беа регистрирани утрово насекаде во Македонија.

Најстудено било во Берово -14,  Битола, Лазарополе и Струмица -12, Прилеп и Маврово -11, во Крушево -10, минус осум Крива Паланка, минус седум Демир Капија, минус шест Претор, минус пет Охрид, минус четири Тетово, Скопје Петрoвец и Куманово,

Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, 7 Прилеп и Струмица, 3 Претор, 2 Штип, Крива Паланка и Тетово, до 1 сантиметар во Куманово.

Студеното време ќе продолжи до крајот на оваа недела, а се претпоставува дека најладно ќе биде денеска и за деновите за викенд каде температурата ќе се спушти и под -10 степени.