in ,

Поезија од Марковски објавена во американско списание

Прилогот со застапените песни е насловен ,,По трагата на белиот грифон,, и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа Антолог и македонско-англискиот избор Ветена земја / Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилозина 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмираниавтори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.