Планирате да одите во Венеција? Внимавајте се плаќа и влезница во градот!

ПАТУВАЊЕ

Венеција донесе одлука за воведување на провизија од 10 евра за краткотрајните туристи.

Италијанскиот буџет за 2019 година има клаузула која и овозможува на Венеција да наметне такса која ќе се насочи особено кон еднодневните туристи кои доаѓаат со бродови.

Туристите веќе плаќаат сличен “данок на пристигнување”, кога ги посетуваат малите острови во Италија.

Венецијанците долго време се жалеа дека масовниот туризам го поплави градот, и не се почитуваат неговите живописни канали.

Секоја година стотици бродови пристигнуваат во Венеција, кои им овозможуваат на повеќе од еден милион патници да ги видат знаменитостите на градот.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро, рече дека данокот ќе генерира многу потребен приход за да се одржи градот чист. Се очекува тој да изнесува меѓу 2,50 до 5 евра на човек, но во сообраќајни гужви во текот на летото тој може да достигне 10 евра.

Венеција планира да го примени данокот од сезоната оваа година. Таксата ќе се применува само за туристите, но не е јасно дали ќе го замени градскиот данок, кој веќе е наметнат на гостите на хотелите.

Овој данок акумулира околу 30 милиони евра годишно, а “данокот за пристигнување” може да генерира околу 50 милиони евра.