Песни за мерак вечерва во Виртуелна кафана кај Марио од Група Мерак

КУЛТУРА

Марио Стојановски од Група Мерак денеска, 25ти март, среда, во 22 часот ќе отсвири со својата хармоника песни за мерак во Виртуелна кафана на неговиот Фесбук профил.

„Драги мои, би сакал вечерва да ве поканам во мојата Виртуелна кафана на профилот на Фејсбук, сите заедно да уживаме во убавите македонски и балкански песни започнувајќи од 22 часот. Додека трае полицискиот час против Ковид-19 во својот дом ќе се обидам да ве расположам со мојата хармоника“ вели Марио Стојановски.

Марио е член на шестчлената , кои ги препеаја познатите македонски песни Една песна, Мајка на Марика, Дојди ми Лено, Чудна жена и Бисера.