Падот на Фејсбук беше најголем во историјата на оваа социјалната мрежа

ЗАНИМЛИВОСТИ

Сите приметивме кога социјалната мрежа Фејсбук пред недела дена престана да работи или работеше со многу потешкотии.

Сето тоа траеше дури 14 часа, па тој крак или пад беше најголемиот во својата историја. Не беа достапни ниту услугите за пораки Messenger и Whatsapp, како и сајтот за споделување фотографии Instagram.

Се појавија гласини дека станува збор за голем сајбер упад со испраќање голема количина податоци до серверите на компанијата. Падот се случува во време кога во САД започна истрага за споделување на лични податоци на корисниците со трети земји.

Недостатокот на Фејсбук ги принуди корисниците да се свртат кон Твитер. А некои установи користеа прилика да се рекламираат со зборовите “Facebook затвори, но ние работиме деноноќно”.