Овој пејач минатата 2018 година заработи богатство од турнеите (видео)

МАГАЗИН

Британскиот пејач Ед Шaран во 2018 година заработи 380 милиони евра од својата турнеја, односно просечно по над 1 милион евра на ден.

Со тоа, англиската поп-ѕвезда ја потисна на второто место својата колешка Американка, Тејлор Свифт, којашто од својата „Reputation” турнеја во 2018 година заработи 270 милиони евра.

Следува заедничката турнеја на Бијонсе и Џеј-Зи, од која тие заработиле 220 милиони евра, потоа Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју-Ту.

Овие пресметки ја вклучуваат само заработката од влезниците, но не и од спонзорствата, продажба на сувенири и слично

Слични објави