Овие работи ги правите на Фејсбук, а вашите пријатели ужасно ги нервираат!

ТЕХНОЛОГИЈА

Сигурно често пати ви се случува вашите пријатели на Фејсбук да ви пратат некакви покани што вас воопшто не ве интересираат.

Поради ваквите работи кои ужасно ве нервираат, на вашите пријтели истите им се интересни.

Кои работи ви се смешни, неприфатливи, кои работи ве ужаснуваат….

Доколку не сте ја знаеле, ова е таа фамозна листа на работи кои ги правите и ги нервирате вашите пријатели ….

  • Сами си го лајкувате статусот, постот и коментарите на него.
  • Кога сте тажни и цел свет треба да знае дека сте во депресија.
  • Кога ги наметнувате политичките мислења на сите пријатели.
  • Кога ставате фотографии од вашите тазе излакирани нокти, сè уште сјајни од маслото.
  • Кога некој коментира на објави на луѓе кои не му се на листа на пријатели, но се чувствува „повикан“ да каже нешто.
  • Кога се мудрува на секоја тема, дури и без познавања на истата.
  • Кога се величат ракометарите, фудбалерите, кошаркарите по секој постигнат успех, но мислењето се менува веднаш по првиот неуспех.
  • Кога се критикува секој што ќе постигне барем мал успех во животот.
  • Кога се „крадат“ твитер статуси и се објавуваат како сопствени мудри фејсбук мисли.
  • Мајките што објавуваат фотографии со новороденчето уште од породилната сала.
  • Кога во еден албум од викендот се ставаат 400 слични, скоро исти фотографии.
  • Често менување љубовен статус, дури и само за да се изнервира поранешниот/поранешната.
  • Слики од теретана, посебно кога се со совршена шминка и фризура.
  • Групни честитки за празници и колективно заблагодарување за сите роденденски честитки.
  • Роденденска честитка во која пишува „среќен роденден“.
  • Коментари на фотографиите од типот „најубава си“, „колку си ослабена“, „разубавена си“, „брат многу си јак“ и слично.
  • Кога по грешка наместо „лајк“ некој прави „сподели“ на вашата објава.
  • Кога ќе оставите статус поради кој очекувате сите да ве прашаат „што, што, што“, а вашиот одговор е „во инбокс“.

Еве уште еден совет од нас, ако вашите родители имаат Фејсбук, не ги ставајте на листата на пријатели, или скријте ги објавите од нив. Сигурно не сакате да знаат што сè објавувате…