Од овие цвеќиња може да завршите во болница, а ги чувате дома!

ЗАНИМЛИВОСТИ

Собните цвеќиња го облагородуваат просторот, но помалку е познато дека можат да бидат многу опасни по здравјето на луѓето, особено за децата.

Соковите на некои билки кои се популарни кај нас можат да предизвиакат слепило, паѓање на косата или да предизвикаат сериозни оштетувања на бубрезите.

Тоа што е алармантно е дека најзагрозени се децата, за кои и најмалата количина отров може да биде погубна.

Експертите предупредуваат дека 3 до 10% од труењата се предизвикани од голтање цветови или плодови од отровни билки.

Кај децата оваа бројка се искачува и до 50% и се наоѓа веднаш зад труењата со лекови или средства за чистење.

-„ Децата на прво место не треба да спијат таму каде што има цвеќе, пред се поради алергии. Ако е билката отровна, тогаш опасноста е поголема, бидејќи не само што можат да го вдишат тоа што го испарува, туку можат дури и да ја изедат. Родителите мораат да внимаваат, посебно кога се на гости. Пред да купат какво било цвеќе, мораат прво добро да се информираат, бидејќи само на тој начин можат да го заштитат своето дете“, вели Милан Лековиќ, педијатар од Србија, кој ја нагласува опасноста од наизглед неопасните билки.