Од Милан на истото работно место со кам-бек во ПСЖ – Тој е нов спорски директор!

СПОРТ

Бразилецот Леонардо, повторно ќе ја извршува истата функција во ПСЖ, откако замина од Милан.

Веста ја потврди парискиот клуб кој овој пат наместо фудбалери како засилување за следната сезона го најави новиот спортски директор Леонардо, кој ќе го замени Антеро Енрике кој ја напушти функцијата.

Бразилецот се води како многу успешен спортски директор, кој има слух за да препознае вистински фудбалер, особено тие од Јужна Америка, поточно неговата татковина Бразил.

За Леонардо ова е враќање во стариот клуб, ако се знае дека истата функција ја вршеше во Паркот на принцовите две години, од 2011 до 2013 година.

Во тој период кај францускиот шампион пристигнаа големи имиња како Верати, Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, итн.