Нови земјотреси во Македонија – Еве каде најмногу се почуствуваа!

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 10 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 4km западно од Охрид.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.4, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.