Нов видео спот за песната „Некој Друг“ од бендот Fiction

ВИДЕАМАГАЗИН

Fiction е бенд оформен во јуни 2016та година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, пратечки вокали) и Филип Андонов (гитара). Во почетоците функционираат како кавер бенд за подоцна да почнат да создаваат своја авторска музика.

Песната “Некој Друг” е нивното најново музичко парче. Музиката и текстот се на Виктор Захариев, а зад аранжманот стои целиот бенд (Fiction). На изданието учествуваат и Дарко Цакиќ на тапани и Симеон Ангеловски на бас гитара.

Инаку, Fiction токму со оваа песна настапуваа на годинашниот “Рокфест” во МКЦ, каде што имаа одличен настап, а Виктор Захариев ја зема наградата за најдобар гитарист на фестивалот.

Слични објави