in

Нов шок трансфер во НБА лигата – Крис Пол од Хјустон и Вестбрук од Оклахома имаат нови клубови!

НБА лигата продолжува сите да не изненадува со трансферите ова лето каде веќе се потрошени рекордни преку 4 милијадри долари.

Последната шокантна трансфер бомба се случи на Западот, а НБА ѕвездите Крис Пол од Хјустон и Расел Вестбрук од Оклахома од денеска имаат нови клубови.

Оклахома го трејдуваше својот најдобар кошаркар во Хјустон Рокетс, а во замена го добија искусниот плејмејкер Крис Пол, пиковите од првата рунда во 2024 и 2026, како и право на замена на пиковите од првата рунда во 2021 и 2025 година.

Новинарот Адријан Војнаровски објави дека Вестбрук и неговиот менаџер заедно работеле со генералниот менаџер на Оклахома за да го реализираат трејдот.

Трејдот на Вестбрук доаѓа кратко по трејдот на Пол Џорџ во Лос Анџелес Клиперс и сега е јасно дека Оклахома сака да прави целосен ремонт на тимот.

Вестбрук се поздрави со навивачите на Оклахома, а прашање кое сите ги мачи е тоа како ќе вклопи во тимот со Џејмс Харден.

Тие и во минатото играа заедно во тимот на Оклахома Сити, но Харден денеска не е тоа што беше во Оклахома.

И двајца кошаркари не можат без топката во своите раце, а минатата сезона имаа еден куп натпревари со трипл-дабл учиноци.