Никако не излегувајте од дома пред да ја прочитате оваа прогноза за времето!

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни каде се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар посебно во источниот дел кои ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.

Утре исто така ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 19 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 16, а дневна до 25 степени.

И во следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.