Coffee time is any time

Не сакате да пропуштите – City Radio со online предновогодишна забава „Се собравме за вас“ Christmas Edition

Од забава никогаш доста! – Тоа е и причината поради која City Radio по втор пат го организираат онлајн настанот „Се собравме за вас“, но овојпат Christmas Edition.

Пандемијата низ целиот свет наметна нови начини на огранизирање забави, па затоа, City Radio одлучија да бидат дел од таканаречените ONLINE случувања, и да не забавуваат за време на Новогодишните и Божиќни празници со убава музика, преку која ќе испратат топли честитки за успешна 2021ва година.

City Radio со online предновогодишна забава „Се собравме за вас“ Christmas Edition

Оваа сабота, на 26 декември, од 20:00 часот, најдобрите македонски диџеи ќе приредат предновогодишна онлајн забава за сите љубители на добрата музика, под мотото „Се собравме за вас“ – Christmas Edition.

Најпознатите и најистакнати диџеи од македонската музичка сцена, Диџеј Боби, диџеј Бранчес, диџеј Фици и диџеј Џон Антонио најавуваат одлична онлајн забава. Станува збор за диџеи и стари пријатели на City Radio кои зад себе имаат голем искуство, а за утре најавуваат разновидни сетови со музика која е тренд и барана во светот и која ќе има за цел да ги дигне на нозе сите во домовите!

City Radio со online предновогодишна забава „Се собравме за вас“ Christmas Edition

Идејата на City Radio преку овој проект е да покажат и докажат дека музиката е таа која што ги поттикнува позитивните вибрации, не тера да играме, да се радуваме на денот, да испратиме насмевка, топла прегратка и да покажеме дека таа е причина плус сите да бидеме заедно, а сепак на далечина. Музиката е лекот за умот и душата, може да допре онаму каде ништо друго не може, длабоко во срцето.

City Radio со online предновогодишна забава „Се собравме за вас“ Christmas Edition

Проектот „Се собравме за вас“, го овозможија City Radio заедно со официјалниот партнер A1, а ќе може да се следи во секој дом во живо на YouTube каналот на City Radio, https://www.youtube.com/user/CityRadio947 или директно на радио фреквенцијата на City Radio, 94.7 ФМ.

За да продолжи Новогодишната магија, City Radio овозможија и дочек на истата со емитување на „CE СОБРАВМЕ ЗА ВАС“ – Christmas Edition на ТВ Телма од 22:00 до 24:00 часот на 31ви декември и репризно Божиќно издание на 04ти јануари od 16:00 часот.

City Radio со online предновогодишна забава „Се собравме за вас“ Christmas Edition

Официјален партнер на настанот е А1 Македонија, спонзор на настанот е VeMilk, а е под покровителство на Градскиот Трговски Центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб.

Време е за едно поинакво празнично искуство од вашите домови! Време е за забава која не сакате да ја пропуштите!

Можеби ќе ве интересира