На 20 јуни (четврток) во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго“ – Астор Пјацола

КУЛТУРА

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на  пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија)

Режисер и либретист: Наташа Поплавска

Сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат:

Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова

Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)

Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска

Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски

Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска

Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска

3 гангстери и танго-танчари:  Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија)

Пјацола дете: Марко Здравковски

Пјацола млад: Ендру Кук (Англија)

Пјацола стар: Драган Кочоски

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.