Mудрости за тешки денови: Животот е прекраток за да се бидеш тажен!

ЖИВОТ

Сите паѓаме со енергијата, сите се разочаруваме, сите се уморуваме, не можеме секогаш да бидеме мотивирани.

Но, во такви моменти убаво е човек да прочита некаква убави мисли со надеж дека ќе ве расположат и инспирираат.

– За некои луѓе ти си целиот свет.
– Твојата насмевка може да внесе среќа дури и во животот на оние на кои не им се допаѓаш.
– Секоја ноќ некој мисли на тебе пред да заспие.
– Најчеста причина поради која некој не те поднесува е фактот дека сака да биде како тебе.
– На светот постојат минимум 2 личности кои би го дале животот за тебе.
– Постојат најмалку 13 луѓе кои те сакаат на свој начин.
– Животот е прекраток за да се будиш тажен.
– Сакај ги луѓето кои добро се однесуваат со тебе, заборави на оние кои не се однесуваат добро и верувај дека се случува со причина.
– Дури и кога ќе ја направиш најголемата грешка во животот, со тоа секогаш ќе дојде и нешто убаво. Сѐ што се случува во твојот живот е за некое повисоко добро. Верувај во тоа.
– Кога мислиш дека животот ти го свртел грбот, погледни во животот од друг агол.
– Секогаш имај на ум: Кога животот ти дава шанса – земи ја! Ако оваа шанса ќе го промени целиот твој живот – дозволи ѝ да ти се случи!
– Никој не рече дека ќе биде лесно. Само ни ветија дека ќе вреди.
– Кога сте уморни, движете се бавно. Движете се мирно, без брзање. Само не запирајте.