Моќна, уникатна и енергична балетска претстава „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

КУЛТУРА

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ ќе бидат изведени на 17.1.2020 со почеток во 20 часот. Двете постановки се специјално подготвени од реномираниот кореограф Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

„КАРМЕН“

Кармен: Мими Поп Алексова Атанасовска

Дон Хозе: Балаж Лашеи(Унгарија)

Ескамиљо: Мирослав Митрашиновиќ

Цунига: Игор Веланоски

3 жени-бикови: Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Валпургиска ноќ “

Ваханалка: Марија Кичевска Шокаровска

Нимфа I: Саша Евтимова

Нимфа II: Ивана Коцевска

Тројка – варијација: Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук

Мажи во црно: Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Не пропуштајте, 17.1.2020, 20 часот!

Билетарница: 02 3118-451 или онлајн: www.operablet.mk