in

Моќна и уникатна балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.

Премиерно се изведоа во саботата (5 октомври) во преполниот салон на Националната опера и балет.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет“ и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Репризата е закажана за вторник, 8.10.2019, 20 часот под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ.

Настапуваат балетски првенци, гости, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Билети може да се купат на билетарница или онлајн на www.operablet.mk.