Минато, сегашност и иднина за интеграција на мигрантите во Македонија и Србија

МАКЕДОНИЈА

Дали нашето општество има соодветни алатки, вклучувајќи ги регулативите и практиките насочени кон комплексната тематика за интеграцијата на мигрантите? Што точно значи интегацијата и за кого? – се главните прашања за кои се дикутираа на регионалната конференција со наслов „Минато, сегашност и иднина за интеграција“ која се одржа во Белград. На настанот  земаа учесгво 150 претставници од владите на Србија и Македонија, како и вработени од локалните самоуправи, донаторски организации, здруженија на граѓани,  дипломати од ЕУ, тинк тенк организации, академски професори, експерти за односи со јавност и медиуми.

 

„Процесот на грижа кон бегалската популација не завршува со моментот кога на едно лице ќе му биде дадена меѓународна заштита туку тој процес завршува кога државата ќе му обезбеди целосен пристап до правата загарантирани со законски решенија или преземени обврски од меѓународни договори. Новите миграциски трендови бараат сами по себе од државите, креирање на политики кои ќе бидат во линија со глобалните миграциони движења и со локалните потреби во нашето општество. Во оваа насока Република Македонија како дел од Евро-Атлантските интегративни напори и понатаму ги следи миграциските процеси и останува посветена на пружање на целокупната помош и поддршка на лицата кои бараат меѓуанродна или привремена заштита на нашата територија.“ изјави Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика во Република Македонија.

На пленарните сесии се дискутираа најдобрите практики и лекции кои се учат во сегашноста и кои ќе бидат наменети за иднината на мигрантите и нивната комплетна интеграција во општеството.

„Искрено, две години во Македонија го водевме проектот и со гордост можам да кажам дека целиот тим имавме успешни резултати. Остваривме успешни соработки со Општините во градовите, Скопје, Гевгелија и Куманово, наидовме на отвореност, поточно дискусија и соработка. Од проектот одобрвиме грантови на Здруженија кои работеа директно на тематиката со мигрантите и во јавноста ги промовиравме документраните филмови за соживот на локалните жители и мигрантите. Од тука имаме да порачаме дека сите заедно треба да продолжиме да градиме општество кое ќе биде мултикултурно и потребни ни се акциски планови на локално ниво“ додаде Иван Јованов, национален координатор на проектот.

Заклучоците од конференцијата ќе се преточат во регионални инцијативи кои ќе бидат предложени до Владите и соодветните институции.

Настанот беше финализирање на проектот  „Создаваме заедно: Мониторинг и застапување за заедницата” кој две години се спроведуваше со низа активности во Македонија и Србија, во општини каде престојуваат или живеат мигранти на кои им е потребна интеграција во општеството. Проектот беше реализиран од Здружение на правници во Скопје и Здружение Атина од Белград, во соработка со Konrad Adenauer Foundation, финансиран од Европска Унија.

Слични објави