Македонија не напредуваше на ФИФА листата – Останавме трет месец по ред на 68 место!

СПОРТ

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата.

И покрај двете победи во ноемвриските дуели од Лигата на нации против Лихтенштанј и Гибралтар „црвено-жолтите” останаа на истата позиција каде што се најде уште на рангирањето на 20 септември.

Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово бележи напредок од шест места и сега е на 131-то.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил.

Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20 декември.

Слични објави