Колку чини најскапата шоља кафе и каков вкус има?

КАФЕ

Во едно кафуле во Калифорнија, САД може да го најдете и конзумирате најскапото кафе во светот.

Истото се продава за 75 долари за шоља во кафулето „Клач кофи Ростерс“ во своите ограноци во Јужна Калифорнија и Сан Франциско.

Во понудата има ексклузивно „Елида Натурал Гејш 803“ кафе, кое е најскапо во светот.

Бројот 803 ја означува рекордната цена која е платена за фунта органско зрнесто кафе на акција во Панама.

Поради ограничената понуда избила вистина „војна“ во надметнувањето за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај налик јасмин.

Во продажба имало само 100 фунти, т.е. 45 килограми кафе, од што најмногу завршило во Јапонија, Кина и Тајван.

Ова кафуле купило 4,5 килограми, што според нивното објаснување е доволно за 80 шољи кафе.