Кои лекови да ги пиете заедно, а кои никако не смеете?

ЗАНИМЛИВОСТИ

Иако додатовите во исхраната на различни начини можат да го подобрат здравјето, во одредени случаеви никако не се препорачува мешање на лековите.

Луѓето насекаде во светот секојдневно пијат билни додатоци во исхраната за подобрување на здравјето. Но, многу од нив земаат пропишани лекови, често за дијабетес, висок крвен притисок или таблети против болки.

Многумина никогаш не проверуваат дали треба да ги мешаат лековите на рецепт со додатоците во исхраната, витамини или таблети против болки.

Научниците предупредуваат дека мешањето на некои билни лекови со лековите препишани на рецепт може да го зголемат ризикот од крварење, да го покачат нивото на шеќерот во крвта или да го спречат делувањето на лекот.

За да не дојде до несакани дејства, треба да се држите до одредени правила, односно да се посоветувате со лекар и секогаш да го прочитете упатството кое се наоѓа во секое паковање.