Кога е најдоброто време за објави на Фејсбук, Инстаграм и Твитер?

ЗАНИМЛИВОСТИ

Доколку сакате да бидете забележани на Фејсбук и вашата објава да има многу коментари и допаѓања, најдоброто време за да ја поставите е помеѓу 12 и 16 часот, покажуваат заклучоците од 10 од 13 истражувања на таа тема.

Најдобри денови за објава се среда, четврток и петок, кога сите се порастоварени од обврските и поопуштени.

На петокот отпаѓаат во просек 17% од вкупниот неделен број коментари и 16% „лајкови“ и споделувања.

Најдоброто време за објавување слика на Инстаграм, е 14:00 часот.

За Твитер пак, луѓето најмногу интерес покажуваат по работното време, па своите размисли и мудрости тука најдобро е да ги објавуваме меѓу 17 и 18 часот, и тоа во понеделник, вторник и среда.

Слични објави