Кое е најпосакуваното место за венчавка во светот? Лас Вегас повеќе не е!

ЖИВОТ

Повеќе од 1.000 парови во текот на минатото лето, своите венчавки ги организирале на грчкиот остров Санторини, кој веќе се наоѓа на списокот на најромантични дестинации во светот.

Само минатата година, во различни делови од Санторини биле објавени повеќе од 1.000 венчавки, но имало и лажни венчавки, на парови кои се веќе венчани, но сакале и таму да направат уште една церемонија.

Најголем број на странци кои се венчаваат на Санторини доаѓаат од Англија, поточно 60% од нив, па потоа од Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Што се однесува до лажните церемонии, нив ги предводат Кинезите и Јапонците, бидејќи во нивните земји не се признава стапување во брак, во странство.

Добра идеја за вашата венчавка да ја направите токму кај нашиот јужен сосед.