Какво ќе биде времето денеска и во наредните неколку дена?

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата од 15 до 31 степен.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица.

Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.