Како зелените банани да ги направите зрели? Дознајте го овој одличен трик!

ЗАНИМЛИВОСТИ

Зелените банани сите ги сметаат за бескорисни до моментот кога ќе добијат жолта боја, што не се случува веднаш.

Сепак, постои еден трик што можете да го користите со микробранова печка.

Прво, земете лажица и удирајте ја бананата од сите страни за да се олесни внесот на топлина.

Потоа ставете ја банана во микробранова, (околу 30-60 секунди), и тоа е тоа!

Откако ќе ја извадите, бананата веројатно ќе изгледа страшно, но нејзината текстура ќе биде иста како текстурата на совршено зрели банани.

Откако бананата е “завршена”, изладете ја. На овој начин секој пат можете да добиете совршено зрела и вкусна банана.