Како се хранел мајсторот на боречки вештини Брус Ли – Деталите дознајте ги тука!

ЖИВОТ

Мајсторот на боречки вештини, Брус Ли започнал да ја сфаќа исхраната сериозно и развил интерес за здрава храна, високо белковински (протеински) пијалоци и витамински и минерални суплементи.

Подоцна заклучил дека со цел да се направи тело со високи перформанси, не можете да го храните со брза храна, бидејќи телото ќе реагира споро.

Ли исто така избегнувал печена храна и рафинирано брашно, опишувајќи ги како внесување калории што не прават ништо за неговото тело, а консумирал зеленчук и овошје секој ден.

Брус секогаш претпочитал да јаде кинеска или друга азиска храна, бидејќи ја сакал нивната разновидност.

Некои од неговите омилени кинески јадења биле говедско месо во сос од острига, тофу и бифтек и црн дроб.

Исто така станал поддржувач на прехранбени додатоци, вклучувајќи ги Витамин Ц, лецитин гранули, полен од пчела, Витамин Е, Див трендафил (во течна форма), масло од пченични никулци, Acerola – C и B-листови.

Брус Ли мразел млечна храна иако знаел дека за градење мускули мора да пие млеко и да јаде јајца.

Како резултат на тоа, тој јадел млечни производи само во вид на житарици и белковински пијалоци, вообичаено користејќи млеко во прав, наместо свежо млеко.

Исхраната на Ли вклучувала белковински пијалоци, тој секогаш се обидувал да консумира по еден или два дневно, но подоцна престанал да ги пие.

Тие обично содржеле не-инстант млеко во прав, за кој се смета дека има повисока концентрација на калциум од другите форми на млеко во прав, јајца, пченични никулци, путер од кикирики, банана, пивски квасец поради неговиот Б витамин и Иноситол и Лецитин додатоци.

Големината и бројот на оброци според него биле исто така важни. Тој обично консумирал четири или пет помали оброци на ден, наместо неколку големи оброци, и го забрзувал метаболизмот преку јадење мали здрави закуски како на пр. овошје во текот на денот.

Овошјето и зеленчукот му давале најмногу јаглехидрати, и тој бил особено сакал моркови па така половината од содржината на пијалок била од моркови, а другата половина ја делел меѓу другото овошје и зеленчук.

Причината што Ли толку сакал да консумира зеленчук и овошје во течна форма била тоа што тој верувал дека на тој начин телото може полесно да апсорбира хранливи состојки.

Ензимите во течниот зеленчук делуваат како органски катализатори кои го забрзуваат метаболизмот и апсорпцијата на хранливите состојки.

Со оглед на тоа дека повеќето од овие ензими се уништуваат при готвење, Ли се обидувал да ги јаде сурови.