Како дома да подготвиме свежо мелено кафе, во кое максимално ќе уживаме?

КАФЕ

Пиењето кафе, особено првото утринско е посебно искуство, и најчесто момент кој сакаме да си го посветиме себеси.

Секој човек што пие свежо мелено кафе, си има свој начин на подготовка и ако тој му одговара не треба да го менува, бидејќи тоа е неговиот момент.

Во прилог неколку совети за да кафето биде поубаво, а задоволството поголемо: важно е водата да биде што потешка, да се користи емајлирано џезве, бидејќи во него водата побрзо се загрева, а што спречува водата да омекне.

Исто така, подобро е да користат помали џезвиња, доволни за едно или две кафиња. Водата треба да се загрее, но не и да преврие, бидејќи така ќе се расипе вкусот на кафето.

Потоа џезвето се трга од шпорет, и во него се додава потребната количина свежо мелено кафе-една лажичка или две по шоља, во зависност од личниот вкус.

Кафето потоа добро се меша, се враќа на плотната, и кога ќе се подигне, подготовката е готова. Ако пиеме кафе со шеќер, тоа се додава во ладна вода.

Кафето се сервира на местото каде што ќе се пие, а по сипањето во шоља потребно е малку време да се “смири”, за да дојде до израз аромата.

Ритуалот на пиење кафе, освен што ни дава енергија за почеток на денот, зборува многу и за нас и за културата на земјата од која сме. Традиционалното домашно кафе е културното наследство на сите луѓе на овие простори кои уживаат во кафето.

Во Македонија, кафето во никој случај не може да се подготви и испие на брзина. Прво, тоа е ритуал кој започнува со самиот чин на подготовка на кафето, чекајќи водата да зоврие.

Исто така, кафето кај нас се пие во кое било време, и претставува чин на гостопримство кога некој ќе дојде на гости, прво да му се понуди кафе.

Во суштина ние сме навистина дружељубиви луѓе, а кафето кое се пие брзо, во неколку потези, не остава простор за се она што е поврзано со пиењето кафе, а тоа е разговорот и заедничките моменти.

Советите се од Илија Ѓуриќ, професионален кафе-дегустатор на Гранд Кафе, единствениот во овој регион со експертиза повеќе од 20 години.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

izvor – NEDELJNIK.RS