Кафето позитивно влијае врз функцијата на некои органи

КАФЕ

Според некои студии кофеинот може одлично да влијае за избегнување на главоболки и мигрени.Ја намалува главоболката и ја потикнува активноста на некои мозочни клетки.Антиоксидансите од кафето може да го спречат оштетувањето на мозочните клетки и да го намалат ризикот од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Кафето е побогат извор на антиоксиданси и од боровинките кои се далеку познати по својата антиоксидантна моќ.Антиоксидантите го активираат азотниот оксид кои овозможува ширење на крвните и овозможува  намалување на крвниот притисок.

Еден од антиоксидантите кои го содржи кафето  наречен  хлорогенична киселина го помага создавањето на инсулин,односно хормонот кој е важен за регулирање на шеќерот во крвта.Што значи дека кафето го намалува ризикот од дијабетес.Се смета дека луѓето кои пијат по 3-4 чаши дневно може да имаат понизок ризик од развој на дијабетес.Кафето го штити и црниот дроб.Се смета дека 2 чаши кафе дневно го намалуваат ризикот од црнодробен карцином за 45%.Хлорогеничната киселина го спречува воспалението и создавањето на тумурни клетки.