Извлечен е среќниот добитник на ŠKODA KAROQ од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија

ЗАНИМЛИВОСТИ

Новата 2020 година започна среќно и бериќетно за Зоранчо Петановски од Скопје, кој е среќниот добитник на главната награда ŠKODA KAROQ од наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на ЛУКОИЛ Македонија. На свечената церемонија во Скопје, по повод доделувањето на главната награда, беа присутни високи претставници од амбасадата на Руската Федерација во Македонија, од ЛУКОИЛ Македонија, како и бизнис соработници на компанијата.

„ЛУКОИЛ Македонија е компанија која ги почитува и наградува своите лојални потрошувачи, а преку организирање на ваков тип на наградни игри ја изразува својата благодарност кон нив. Упатувам искрена честитка до среќниот добитник на главната награда и му посакувам многу убави патувања со својата нова ŠKODA KAROQ. Се надевам дека оваа вредна награда ќе донесе радост во неговиот дом и ќе биде поттик за откривање на нови дестинации, но и создавање нови среќни моменти“, изјави г-дин Андреј Михајлович Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Добитникот на главната награда, Зоранчо Петановски од Скопје, при подигнувањето на клучевите на својата нова ŠKODA KAROQ изјави: „Пресреќен сум. Мислам дека ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Редовно полнев гориво на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија, ги испраќав броевите од фискалните сметки и посакував да добијам барем некоја од поголемите награди, но дека ќе го освојам токму автомобилот воопшто не се надевав. Освојувањето на оваа вредна награда ме охрабрува да верувам во невозможното и во упорноста. Им се заблагодарувам на ЛУКОИЛ Македонија за прекрасната ŠKODA KAROQ, која ве уверувам дека и понатака ќе ја полнам на бензинските станици на ЛУКОИЛ”.

На настанот по повод доделувањето на главната награда од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија беше присутен и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, г-дин Сергеј Александрович Баздникин
, кој изјави: „Убеден сум дека компанијата ЛУКОИЛ Македонија и понатаму ќе продолжи да игра важна улога на пазарот на Република Северна Македонија и ќе организира уште многу наградни игри преку кои ќе се наградува лојалноста на потрошувачите на ЛУКОИЛ Македонија. Користејќи ја оваа прилика, ви ги честитам новата 2020 година и Божиќ и ви посакувам многу здравје, благосостојба, успеси и сè најдобро на сите вас и на вашите најблиски.“

Во наградната игра „Полни, патувај и добивај!“, во седум извлекувачки кола од 11 ноември до 30 декември 2019 год., беа наградени вкупно 148 верни корисници на ЛУКОИЛ Македонија. Покрај главната награда ŠKODA KAROQ беа доделени кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 ден., Samsung Galaxy таблети, смарт часовници, ваучери за спортска облека од 3.000 ден., ваучери за гориво од ЛУКОИЛ Македонија од 2.000 ден. и ЛУКОИЛ масла.

Од ЛУКОИЛ Македонија најавуваат дека грижата за своите лојални клиенти продолжува и понатака преку организирање на нови наградни игри во кои ќе се доделуваат уште многу вредни награди.