Имаме одличен рецепт за вашиот денешен ручек – Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака за готвење!

РЕЦЕПТИ

Денеска имаме да ви презентираме еден одличен рецепт доколку немате идеја што да подготвите за ручек.

Потребни состојки:

4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким
1 пакување њоки

Начина на подготовка:

Сварете ги њоките во солена вода, а пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење. Посолите и побиберите.

Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките. Одозгора посипете со ким.

Добар апетит!