Има ли крај на лошото време – Од следната недела подгответе се за нови шокови!

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделата која е пред нас се чини е последното што ќе го видиме од дождот пред стартот на новото лето.

Невообичаено ниските температури проследени со интензивни врнежи од дожд ќе се задржат некаде до крајот на оваа недела и можеби во првиот ден од наредната.

Во пресрет на продолжениот викенд за празникот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, метеоролозите конечно носат добри вести.

За тој викенд се најавуваат највисоките температури од стартот на оваа година. Според најавите се очекуваат и над 30 степени во појужните места и околу 28 степени во главниот град.

Тоа се очекува да биде и официјалниот старт на летната сезона со температури кои ќе бараат разладување, сенки и освежителни пијалоци.