Големо невреме во Србија – Ниш најпогоден, се сруши бензиска! (видео+фото)

ВИДЕАСВЕТ

Големо невреме беснее низ Балканот, а најпогодена беше повторно Србија и градовите Нови Сад и Ниш.

Од силниот ветер во Нови Сад се сруши кров од бензиска пумпа каде во тој момент имало неколку автомобили.

Навреме реагираа брзата помош и полицијата. Во Нови Сад денеска наврнаа преку 80 литри на метар квадратен, а дождот и понатаму паѓа.

Оштетени се неколку автомобили кои се наоѓале на лице место, а едно лице е полесно повредено.

И во Македонија попладнево имаше невреме, а најпогоден беше Прилеп каде улиците изгледаа како реки.

Видеото од бензиската можете да го погледнете ТУКА

Слични објави