(Фото) Оваа апликација никако да не ја симнувате – Измами повеќе од 10 милиони луѓе!

ТЕХНОЛОГИЈА

Се уште се случува по некоја „лоша“ апликација да заврши на платформата Play Store, и да им нанесе штета на милиони корисници.

Последната која тврди дека ќе го инсталирате најновиот firmware, односно основен софтвер на телефоните на Самсунг.

Updates for Samsung – Android Update Versions ја превзеле повеќе од 10 милиони корисници ширум светот, но наместо надградба, на телефоните била инсталирана апликација која ги пренасочува корисниците кон интернет страница на која се бара наплаќање за превземањето на софтверот.

Произведувачите на паметни телефони бесплатно ги ажурираат оперативните системи на своите корисници, па затоа не е јасно како е можно толкав број на луѓе да ја инсталираат оваа апликација.

Од Google реагираа и ја отстранија апликацијата од Play Store, но не се знае колкав број на корисници наседнале на измамата и ги напишале своите лични податоци и податоците од својата картичка за „да го добијат новиот софтвер“.

Така безбедносните експерти ги предупредуваат корисниците неколку пати да проверат кој ја поставил апликацијата на Play Store, да ги прочитаат коментарите, или да побараат на интернет повеќе информации околу апликацијата за да не бидат измамени.