(Фото) Каде се наоѓа најголемиот базен во светот во кој може и да се плови?

ПАТУВАЊЕ

Се работи за навистина огромен проект, најголемиот базен во светот кој е долг околу 1 километар и длабок околу 35 метри, што им овозможува на посетителите вистински да нуркаат, па и да пловат.

Доказ за сето ова е и податокот дека базенот влезе и во Гинисовата Книга на рекорди поради својата големина.

Се работи за базен кој е дел од прекрасниот хотелски резорт San Alfonso del Mar во Чиле.

Иако се наоѓа во непосредна близина на океан, базенот е многу поатрактивен за посетителите поради своите карактеристики.

Исполнет е со 250 милиони литри филтрирана морска вода, долг е преку 1 километар и е длабок околу 35 метри.

Во него не само што можете да нуркате, туку може и да сурфате и скијате на вода, а особено привлечна е неговата тиркизна боја и температура од 26 степени.