(Фото) Браво момци – Со какви одличја се враќаат нашите млади каратисти од СП во Чиле?

СПОРТ

На 11-тото Светско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, нашите млади репрезентативци направија одлични резултати, што се меѓу најдобрите во историјата на младинските светски првенства.

Нашиот кадет Бојан Костов во категоријaта -52кг повторно се закити со медал за освоено трето место. Бојан за својот резултат најпрво ги совлада натпреварувачите од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија.

Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар беше противникот од Јордан, кој освои златен медал.

Висок пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.

Во конкуренција на помлади сениорски (У21) Ангела Мојсовска во категоријата -68кг исто така го освои петтото место совладувајќи ја во првото коло претставничката од земјата домаќин Барбара Хуакиман со резултат 3:2, во второто коло со 2:0 ја совлада противничката од БиХ Илма Рахмановиќ, но во третото коло изгуби од русинката Илма Исаиева со резултат 1:7.

Во репасажните борби Мојсовска најпрвин убедливо беше подобра од Унгарката Дора Чагани со 3:0, а во борба за бронзениот медал беше поразена со 1-9 од Американката Скајлар Лингл.

Исто така и Вероника Костовска имаше одличен настап и успеа да ги совлада во првото коло претставничката од Хрватска Лаура Фуцик со 3:1, во второто коло ја победи бразилката Оливеира Таис со 1:0, победа извојува и во третото коло против Азара Марија од Белорусија со 2:0.

Во четвртото коло загуби од русинката Ана Родина со 7:1 а откако таа не уепеа да влезе во финалето, Костовска немаше среќа да учествува во репасаж во борба за медалите.

Доан Османи во својата категорија од -75кг во првото коло го победи натпреварувачот Абулеифа Хамза од Палестина со 4:0 а во вториот круг изгуби против претставникот од Данска со 1:3.

Фахик Весели во категоријата -67кг изгуби во првото коло против претставникот од Србија со 0:1.

Во категоријата ката женски Владанка Аврамова го освои 31 место.